Универзитетот за аудиовизуелни уметности со три награди на фестивалот “Арт Амфора” во Варна, Бугарија
На престижниот меѓународен фестивал "Арт Амфора" кој по 15-ти пат се одржа во Варна, Бугарија од 24 до 27 Септември 2015, а третира телевизиски и филмски програми работени за деца и младинци, Универзитетот за аудиовизуелни уметности доби три награди. Имено документарниот филм "Досие НЛО" работен по сценарио и режија на Ирена Каровска доби специјална награда, награда за камера му беше доделана на Александар Терпини за документарниот филм "Рокументарец", а посебно изненадување за жири комисијата предизвика документарниот филм "Заборавените" на Константин
НОВА ПОСТАНОВКА НА „ЕРИГОН“ ОД ПЛЕВНЕШ ВО РЕЖИЈА НА ЈАНИ БОЈАЏИ
Драмски театар Скопје на 24 Септември премиерно ќе ја изведе претставата „Еригон“ од Јордан Плевнеш во режија на Јани Бојаџи, праизведена во 1982 година во режија на Љубиша Геогриевски.Уметничкиот директор на ДТС Рубенс Муратовски на прес-конференција рече дека е храброст да се обнови претстава која била култна како што „Еригон“ била пред 33 години кога ги освоила наградите на најголемите фестивали во регионот, на Стериино позорје во Нови Сад, МЕСС во Сараево и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во
Презентација на тема: “Историја на фотографијата, преку збирките на фотографската фондација М+М Оер”.
Македонскиот центар за фотографија, Кинотеката на Македонија и Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје Ве покануваат на презентацијата на тема: Историја на фотографијата, преку збирките на фотографската фондација М+М Оер“.Фотографското богатство на Фондацијата ќе го презентира основачот Г-дин Мишел Оер. Презентацијата ќе се одржи во Галеријата на Кинотека на Македонија, 30.09.2015 (среда) во 19 часот.Фотографската фондација М+М Оер е основана во 2009 година со цел да се заштитат и промовираат постојаните збирки како и да се надополнат со нови фотографски дела.
Премиера на филмот “Детето во светот” на Манаки
Ве покануваме на официјалната премиера на документарниот филм за Љубе Цветановски која ќе се случи во рамките на Интернационалниот фестивал на филмска камера "Браќа Манаки" во Битола. Петок 25 Септември, почеток во 19 часот, Народен театар - Битола,
Прв академски час на Универзитетот за аудиовизуелни уметности
Прилог на Backstage од првиот академски час на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.Сите заинтересирани кандидати ги потесетуваме дека уписите за додипломски студии траат до 1 Октомври 2015, а за постдипломски до 1 Ноември 2015.
На 15 Септември почнува новата академска година на Универзитетот за аудиовизуелни уметности
По повод почетокот на новата академска година, имаме чест да Ве поканиме на првиот учебен ден на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, кој ќе се одржи на 15 Септември 2015, со почеток во 11.00 часот, во просториите на нашиот Универзитет.Во рамките на свечената церемонија ќе бидат доделени индексите на новозапишаните студенти, а своите дипломи ќе ги добијат завршените студенти на додипломските и постдипломските студии. Покрај ова церемонијата ќе биде збогатена и со прогласување на легендарното име на македонскиот театар и
ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА МАКЕДОНСКAТА КИНЕМАТОГРАФИЈА
ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ВО РАМКИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ БРАЌА МАНАКИ НА ТЕМА „ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА МАКЕДОНСКAТА КИНЕМАТОГРАФИЈА“: ЕСТЕТСКИ И АФИРМАТИВНИ РЕФЛЕКСИИ НА ФИЛМСКАТА ПРОДУКЦИЈА ВО ЧЕТВРТ ВЕК 22 септември, 13.30 часот, Мала сала, Центар за култура Битола Автор на истражувањето е Ана Василевска, магистрант на Катедрата за филмска и тв-режија на Универзитетот за аудиовизуелна уметност-ЕСРА, во соработка со Институтот за аудиовизуелни уметности при истоимениот универзитет. Еволуцијата на македонскиот долгометражен игран филм во периодот од осамостојувањето на државата до денес, процесот на нови креативни и продукциски визии
Овации за Кирил и Методи во Букурешт
Европската праизведба на пиесата “Кирил и Методи who are you” од Јордан Плевнеш во режија на Марин Кочовски, а во изведба на Народниот театар од Прилеп во ко-продукција со Сфумато театарот од Софија, Киклос театарот од Солун и Нета (Новата театарска акција во Европа), синоќа беше изведена на Големата сцена на Националниот театар во Букурешт во рамките на Европскиот театарски фестивал и наиде на сјаен прием кај фестивалската публика која ја награди со долготрајни овации.По самата претстава разговорите ги