Успешно реализирана работилницата со Escalier 4 од Париз
Еднонеделната работилница на парискиот театар Escalier 4 на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, успешно беше крунисана со претставата “Последниот маж, последната жена”, од Јордан Плевнеш, која беше прикажана на малата сцена на Драмскиот театар во реализација на театарската режисерка Сандрин Фурлон и филмскиот режисер Фабиен Емар, со учество на француските актери Мадлен Богар и Силвен Паолини. Во реализацијата учествуваа поголем број на студенти од нашиот Универзитет, од класите на професорите Рубенс Муратовски и Дејан Пројковси, како и гости
Реализирана втората фаза од проектот “Европа овде – Европа таму”
Во периодот од 11 до 17 Ноември 2014 во Каен (Франција) се одржа втората работилница од проектот "Помирувањето и визијата за заедничката иднина на Балканот и Европа. Европа овде - Европа таму (1914-2014)". На работилницата учествуваа студентите од катедрата по фотографија: Стефан Дамјаноски, Ристо Арнаудов, Зоран Шекеров и Арди Борова предводени од професорот Роберт Јанкулоски и Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш. За време на престојот беа посетени повеќе локации и музеи
Интернационална работилница на Универзитетот за аудиовизуелни уметности
На Универзитетот за аудиовизуелни уметности, во периодот од 17ти до 23ти Ноември ќе одржи интернационална работилница, посветена на пиесата “Последниот маж, последната жена” од Јордан Плевеш. Како што е познато оваа пиеса доживеа свои праизведби во Скопје, Париз, Москва и Карио. Интернационалната работилница со која ќе раководи театарската режисерка Sandrine Fourlon од Париз од театарот ЕСКАЛИЕР 4 и филмскиот режисер Fabien Hemar, ќе работат со пет актерски парови. Игор Георгиев, Валдета Исмаили, Александра Михајловска, Асдрен Селими, Неат Али,