Константин Плевнеш со настап во Париз
Младиот македонски филмски режисери музичар Константин Плевнеш, на 21 декември 2013, во престижната сала Мироатри во Париз, ќе го претстави својот авторски албум, дел од интернационалното музичко движење Sinoptic music, кое дејствува во повеќе европски и светски музички центри. По Париз, авторскиот албум кој Плевнеш го потпишува со псевдонимот Hellblazer, ќе биде презентиран во Брисел и Лондон.https://www.facebook.com/events/501626369944250/http://www.rdvstreet.com/agenda/open-mic/reality-check-presente-sinoptic-music-walter-open-mic-paris.html
Голем успех на “Вечната куќа”
Новата зграда на Македонскиот Народен Театар беше отворена на 7 декември 2013, со спектакуларната изведба на театарската претстава "Вечната куќа", по текст на Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Јордан Плевнеш, а во режија на Про-Ректорот на нашиот Универзитет, Дејан Пројковски. Покрај нив, во претставата учествуваа и голем број на актери од нашата институција (студенти и дипломирани). Во продолжени следат линкови од неколку одгласи во медиумите, проследени со фотографии: "ВЕЧНАТА КУЌА": ЕМОТИВНА
Како да се дофати вечноста
Претставата „Вечна куќа“ со која се отвори Стариот театар го воспева животот и уметноста, потсетувајќи не' дека историјата е само фрагментСунчица Уневска, Утринскински Весник Ништо не може да биде исто во една куќа која е сведок на изминувањето на вековите, во куќа низ која поминале толку животни судбини, толку различни светови и случувања, во една куќа чии одаи се преполни со приказни. „Сопственоста е фикција“, ќе извика авторот Јордан Плевнеш на крајот на приказната
Изложба на плакати “Да ја спасиме планетата”
Изложбата на плакати, насловена "Да ја спасиме планетата! (Au secours de la planète)" ќе биде отворена на 6 декември (петок), во галеријата на Кинотеката на Македонија, со почеток во 18.00 часот. Во рамките на активностите на Меѓународната организација за Франкофонија (OIF) насочени кон одржливиот развој и заштитата на околината, Регионалниот франкофонски центар за централна и источна Европа (CREFECO) организираше, во периодот од 15 февруари до 15 април 2013, натпревар под наслов